Радио Милева
има што да покаже

Милица Дабовиќ одговори на негативните коментари за нејзиниот изглед: „Можеби не сум убава, но имам з*дник за олимписки медал“

Милица Дабовиќ одговори на негативните коментари за нејзиниот изглед: „Можеби не сум убава, но имам з*дник за олимписки медал“

Koшаркарката Милица Дабовиќ е активна на социјалните мрежи каде што редовно објавува и провокативни фотографии поради кои често наидува на негативни коментари.

Сепак, таа не се откажува, па така беше и овојпат кога објави фотографија на која во прв план е  нејзиниот задник.

Таа покрај фотографијата стави и интересен опис со кој се обрати на оние кои коментираат за нејзините провокативни објави.

„Колку пати читав, слушав критики на сметка на мојот изглед. Се согласувам, мислињата се различни. Можеби не сум убава, немам гради и имам машки нозе, крив нос, дури и усните ги корегирав, но затоа имам задник за Олимписки медал, или не?“, напиша Дабовиќ и додаде:

„Ги сакам сите ваши коментари, и добри и лоши… А не ми е срам, имам син и сум прекрасна мајка, добар сум човек со чиста душа и искрена, пример за многуминиа, а имам и што да покажем (како на терен, така и надвор од него). Ви благодарам прекрасни луѓе. П.С она што е најубаво е што ниту една фотографија не е уредена, фотошопирана“ заклучи Милица.

фото: Инстаграм/милица дабовиќ

Останати вести од Радио Милева