Радио Милева загрижен внук

Милена без да знае стана нај(не)посакуваната ТВ дама: Водителката го исплаши детето, дека ќе му го „украде“ наследството од дедо му (фото)

Милена без да знае стана нај(не)посакуваната ТВ дама: Водителката го исплаши детето, дека ќе му го „украде“ наследството од дедо му (фото)

Познатата македонска ТВ водителка од утринската емисија „Здраво Македонијо“, Милена Антовска – Станковска секогаш умее  на нејзините следбеници да им создаде пријатна атмосфера. Таа со нејзините провокативни мини здолништа го привлекува вниманието на многумина гледачи пред ТВ екраните уште од утринските часови и знае најдобро да ги расони.

Доказ дека таа ги остава гледачите без здив и никој не може да го тргне погледот од Милена  е и изјавата од која што се изненади и таа самата, па јавно ја сподели и на нејзиниот Инстаграм профил.

Всушност, на водителката и остави впечаток еден коментар од загрижен внук кој забележал дека ќе му го „украде“ наследството.

Тој тврди дека неговиот дедо не може да го тргне погледот од Милена па, предизвикан од таа ситуација напишал:

„Дедо ми толку многу ги гледа утринските емисии што мислам дека куќата ќе и ја препише на Милена“ –  на што згодната водителка слатко се изнасмеала, а тоа го покажа со дури три емотикони кои плачат од смеа.

Но, Милена и кога не е на работа е истата дама, а тоа го покажува и секојдневно преку нејзините кратки приказни на социјалните мрежи,  на кои често се потсетува и како изгледала порано.

„… И пред 13 години сум имала јака шишка“ – напишала во објавата згодната водителка, која ги „хипнотизира“ гледачите и нејзините фанови дури и со стра фотографија, од оние денови.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Милена Антовска

To top