Радио Милева честитки

Милена Антовска на 8-ми март со емотивна порака до ќерката Лана Марија: „Секој ден ја учам дека не е родена само за да чисти и пегла, готви и пере….“

Милена Антовска на 8-ми март со емотивна порака до ќерката Лана Марија: „Секој ден ја учам дека не е родена само за да чисти и пегла, готви и пере….“

Меѓународниот ден на жена – светски празник што се одбележува секоја година на 8-ми март.

На овој ден на припадничките на понежниот пол, на мајките, бабите, сопругите вообичаено им се подарува подарок, најчесто тоа може да биде цвеќе.

По повод „Денот на жената“, македонската водителка Милена Антовска се огласи на својот Фесјбук и испрати емотивна порака до нејзината постара ќерка Лана Марија.

-Не сакам денеска, туку секој ден ја учам дека не е родена само за да чисти и пегла, готви и пере…Да не биде кукла што ќе трепка и клима со глава, туку јасно и цврсто да ги изразува своите ставови и да се бори за своите соништа. Може да биде сė што ќе посака, напиша Антовска во описот на фотографијата.

Инаку, неодамна Милена по вторпат се реализираше во улогата на мајката и на свет донесе уште една ќерка за која го одбра името Јоана.

Среќен 8ми март дами!

фото: фејсбук/инстаграм/милена антовска

To top