Пејачот Миле Китиќ неодамна призна дека изневерувањето го подмладува и дека ова не е прв пат да ја изневерува сопругата Марта Савиќ.
Фолкерот признал дека ја изневерувал сопругата со многу помлади девојки и истакнал дека нема ништо лошо во тие афери, бидејќи го подмладувале.
„Штом сменам млада девојка, крвта веднаш ми се освежува. Јас сум млад по дух и тогаш целата таа младост околу мене ме прави да се чувствувам така. Немам потреба редовно да ја менувам крвта за да останам млаа, како некои светски ѕвезди“ – изјави во една прилика пејачот.
Китиќ потоа истакна дека неговата сопруга била информирана за се’, но дека никогаш не му префрлила за љубовниците:
„Никогаш не ми поставуваше прашања за тоа. Па, таа не е луда да ме прашува, кога таа знае се.’ Марта е паметна жена, сè разбира. Знае дека во вистинска смисла на зборот таа е единствената жена за мене, а се останато е само дел од работата. Од друга страна, Миле е убеден дека Марта не го изневерува.
„Колку што знам Марта нема љубовник, но ако има нека го направи тоа мудро. Не ми е ништо страшно додека не дознаам за тоа“ – шеговито вели Китиќ, а всушност во секоја шега има и половина вистина.
Останува да видима, дали ако дознае дека Марта баш верна и не му е, повторно ќе има „циле-миле“ или бате Миле ќе пресече?
Фото: Инстаграм принтскрин/milekitic/marta_savic_official