Радио Милева

Миле Китиќ призна дека има љубовница: „Кога ќе ја променам девојката, ми се освежува крвта“

Миле Китиќ призна дека има љубовница: „Кога ќе ја променам девојката, ми се освежува крвта“

Миле Китиќ за босанскиот Експрес истакна дека  ужива во друштво на млади девојки и дека отаму ја црпи целата енергија.

„Кога би рекол дека не е така, би лажел. Јас по дух сум многу млад, а таа младост си го прави своето, да се чувствувам младо. Мене не ми треба да ми се менува крвот за да се чувствувам помладо, како некои светски ѕвезди. Кога ќе ја променам девојката, веднаш ми се освежува крвта“ вели Миле и открива дали неговата сопруга Марта знае за тоа:

фото: драгана кадиќ

„Не знае директно, но индиректно….Не, никогаш не прашуваше за тоа…Не е луда се да ме праша, кога веќе знае се. Паметна е жена и нема да ме праша. Знае Марта дека таа е вистинска за мене, сите други се само дел од работата“ вели пејачот.

Китиќ исто така откри дали некогаш се посомневал дали Савиќ го изневерува.

фото: Принтскрин

„Не, како што знам, ако ме изневерува нека го прави тоа паметно. Тоа за мене не е проблем, само јас да не знам“ вели пејачот.

Миле ги прокоментира и приказните дека неговата ќерка Елена посетила и пластичен хирург:

„Иако е мое дете,искрено знам дека не беше. Таа е уште млада, ама ако треба нешто да направи не е проблем“ вели Китиќ.

To top