Последниот ден од месец април, стана еден од најзначајните во животот на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата новопечена сопруга Марина, поради раѓањето на нивното првенче, синчето Стефан.
По првичната семејна радост и грижата околу малечкиот првите денови, пејачот полека им се враќа на своите работни обврски, односно на вечерните ангажмани, најмногу во елитниот ноќен кабаре клуб „Ла Фајет“ во Белград.
Во меѓувреме неговите родители кои се уште живеат на релација Австрија – Македонија, летото го користат како и секоја година за посета на родната земја. Павле и Ружа Кајмакоски што заради патриотиските чувства и носталгијата кон татковината, што заради пејачките ангажмани на таткото на Даниел, кој запотсетување исто така е естраден уметник, односно фолк пејач.
„Во есенскиот период секогаш имаме доста работа, заклучно со зимскиот. Летото пак, го поминуваме во Македонија, бидејќи тука се случува се’: Како за одмори така и за свадби, крштевки…“ – ќе изјави во една прилика Павле кајмакоски,чие лице можеби „не ви звучи така познато“ како лицето на син му Даниел, ама затоа неговите песни звучат многу патриотски!
Како и секое лето така и ова родителите на Даниел повторно се вратија во родната грутка, но најдоа и време да ја прошетаат Македонија, а со тоа неизбежно да дојдат и во нејзината престолнина – Скопје. А тука, ги пречека никој друг, туку нивната домаќинка, добропознатата долгогодишна ТВ водителка и новинар, Миланка Рашиќ.
Можеби некој и ќе се зачуди од каде пак сега ваквата спојка и што имаат тие со неа, но оние кои добро ги познаваат приликите на естрадата знаат дека Миланка долго време го работи ПР менаџментот на Даниел Кајмакоски, со кого е исклучително и приватно блиска.
Па покрај пејачот таа близина се пренесува и на семејството, со што водителката станала еден вид и семејна пријателка со фамилијата. Токму затоа на родителите на Кајмакоски во Скопје добредојде прва им посака русокосата Миланка. Разбирливо, неколку фотографии за вечни спомени во центарот на престолнината беа неизбежни.
Секако, „семејниот ручек“, ако така може да се нарече, исто така неизоставен во еден угледен скопски ресторан. Едно видување, сто муабети и илјада спомени, меѓудругото овековечени и со заедничка фотографија од летната средба на водителката и семејството на Х-фактор ѕвездата.
Повеќе од очигледно средбата била топла и средечна, емотивна и блиска, исополнета со муабети, прикаски, планови, евоцирање спомени и едно ветување… За повторно, скоро видување.
Единствено едно остана нејасно: Кој честеше ручек? Водителката за добредојде на гостите или родителите на Даниел Кајмакоски за новороденото внуче Стефан? Впрочем, не и ни важно, важно е да е за арно!
Фото: Инстаграм/daniel_kajmakoski/ Фејсбук/Milanka Rasic