Радио Милева тужба

Миљана е дисквалификувана и ќе биде казнета со 100.000 евра, a Марија Кулиќ веднаш донесе одлука дали ќе остане во „Задруга“ (видео)

Миљана е дисквалификувана и ќе биде казнета со 100.000 евра, a Марија Кулиќ веднаш донесе одлука дали ќе остане во „Задруга“ (видео)

Миљана Кулиќ повеќе не е дел од „Задруга 6“, во која беше заедно со нејзината мајка Марија Кулиќ и синот Жељко, а гледачите се прашуваат дали со тоа ќе се промени текот на реалното шоу.

Миљана Кулиќ синоќа беше дисквалификувана од „Задруга 6“ бидејќи самоиницијативно го напушти реалното шоу и ќе треба да и плати казна на продукцијата од дури 100.000 евра, а нејзината мајка Марија Кулиќ донесе одлука дали ќе остане во реалити.

“Милјана најде начин да излезе, а јас ќе останам. Знам колку ми помогнаа овие луѓе кога ми требаше. Миљана сега ќе си ужива надвор”, рекла Марија која неодамна имаше жесток конфликт со нејзината ќерка а тие  две не се виделе и не зборуваат.

Писмото од „Големиот газда“ во кое задругарите се известени дека Миљана Кулиќ е дисквалификувана пристигна синоќа, а во писмото пишуваше: „Задругари, официјално ве известуваме дека Миљана Кулиќ е дисквалификувана поради напуштање на задругата самоиницијативно и ќе биде казнета со 100.000 евра, а ТВ Пинк врз основа на договорот ќе ја тужи“.

Фото: Принтскрин/Задруга 6/Јутјуб

To top