Пејачот Милан Станковиќ ја прокоментира моменталната ситуација на естрадата поради коронавирусот и откри дека можеби ќе започне бизнис за одгледуваше на овошје и зеленчук и тоа со Весна Змијанац.
„Короната го зема данокот на мојата психа, а луѓето коментираат: „Што вие, имате пари“, како јас да немам фирма и вработени, како јас да не ги плаќам песните и спотовите. Јас навивам да бидеме сложни, а настапи ќе има“, вели Станковиќ и додава:
„Јас се дружам со Весна Змијанац, таа ми е другарка, ќе отидам кај неа, таа има градина, мислам ако ова пропадне, да се занимаваме со одгледување на органско овојше и зеленчук, нема да бидеме гладни. Многу убави спомени ме врзуваат за село, планирам да го посетам имотот на дедо ми и на некој начин да се вратим на органското овошје и зеленчук“, заклучува пејачот._