Радио Милева

Милан Станковиќ проговори за влегувањето на Наташа Беквалац во жирито на „Пинк ѕвездички“

Милан Станковиќ проговори за влегувањето на Наташа Беквалац во жирито на „Пинк ѕвездички“

Во новата сезона на музичкото шоу за млади таленти „Пинк ѕвездички –All stars“, пејачот Милан Станковиќ ќе биде дел од жирито. Тој не крие дека едвај чека да слушне колку натпреварувачите напреднале во изминатиот период и со право очекува ова шоу да биде најдоброто.

-Очекувам да биде најдоброто бидејќи на едно место ќе бидат најдобрите од претходните и во меѓувреме се пораснати. Поголемиот дел ги следам на Инстаграм и гледам колку се ослободени и во чекор со времето во кое живееме, вели Милан.

Во оваа сезона се менуваат и правилата, а едно од нив е дека сега емисиите ќе бидат тематски, на што Милан се радува. Тој е задоволен и од промените во жирито и смета дека оваа сезона Гоца Тржан, Леонтина, Наташа Беквалац и Кија Коцкар ќе бидат дополнително интересни.

-Наташа ја знам подолго, прекрасен лик за разговор, а сакам таква да биде и во жирито. Мислам дека со Кија и Наташа оваа сезона ќе биде позабавна и повозбудлива од претходните, вели пејачот.

foto:ANTONIO AHEL/ATAIMAGES, INSTAGRAM…

To top