Радио Милева

Милан Станковиќ откри за која сума повторно би соработувал со Саша Поповиќ!

Милан Станковиќ откри за која сума повторно би соработувал со Саша Поповиќ!
фото: Дамир Дервишагиќ/ Драгана Удовичиќ

Милан Станковиќ по долго пауза ги израдува своите фанови со новиот дует „Пабло“ кој го снимаше со Јала Брат и Буба Корели.

„Пабо“ две години чекаше за премира. Кадрите снимени во Мајами и мислам дека успеавме да донесеме уште еден хит и да донесеме малку позитивна енергија во овие не толку позитивни денови. Сакам да и се заблагодарам на публиката што и покрај паузата, ме става на прво место на топ листите и во трендинг“ вели Станковиќ за курир.рс

На прашањето како би реагирал доколку се сретне со директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, вели:

„Секако, немам проблем да се поздравам“.

Тој откри и за која сума на пари би се вратил во „Гранд“.

„Милион евра е доволно за таков трансфер. А и е фер во време на криза.

фото: соња спасиќ/дамир дервишагиќ

Инаку, неодамна Радмила Манојловиќ истакна Милан е единствениот колега со кој се гледа, а често им прави друштво и нејзиниот дечко Харис Берковиќ.

Пејачот накратко ја прокоментира оваа изјава на Рада, откривајќи дали тоа за него нешто е невообичаено.

„Ништо со мене не е невообичаено. Излегувам од кругот на размислувања и немам предрасуди. Посебно затоа што ја ценам Рада како личност, се познаваме и се разбираме. А не е ни чудно после петгодишна врска“.

фото: инстагра.сторисрбија/урош/горанпоповски

Тој истакна дека освен со Рада Манојловиќ се дружи и со Весна Змијанац, Николија Јовановиќ и Елена Китиќ.

Останати вести од Радио Милева