Милан Станковиќ објави трогателна порака во врска со неговата родена сестра Настасија, која е медицинско лице и како што тој вели, спасува заболени пациенти од коронавирусот.
Пејачот објавил фотографија од неговата сестра облечена во заштитно одело налик на скафандер и покрај фотографијата напишал дека таа е неговиот херој и идол.
„Ова е мојот херој и идол, мојата родена сестра Настасија… Душа и најхуманата личност што ја познавам … Таа е на должност вечерва. Тие ги спасуваат животите на оние што страдаат од КОВИД 19 … Те сака батоо“ – напиша Милан покрај фотографијата која ја споделил на Инстаграм.