Радио Милева
Први другари

Милан Поповиќ разврза јазик за односот со Игор Којиќ: „Би било лудо да е така, но ние никогаш не сме биле непријатели“

Милан Поповиќ разврза јазик за односот со Игор Којиќ: „Би било лудо да е така, но ние никогаш не сме биле непријатели“

Бизнисменот Милан Поповиќ, поранешен партнер на пејачката Северина Вучковиќ, неодамна ги изненади сите кога објави фотографија со нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ.

Многумина тогаш се сетија на црната свеќа која Игор Којиќ ја постави пред куќата на Милан Поповиќ и дека на тој начин наводно „фрлил црна магија“. Милан откри дека за тоа разговарал со Којиќ.

– Читам од овие медиуми кои активно ја промовираат Северина и кои активно ме напаѓаат, дека јас и Игор сме биле непријатели и дека сега наеднаш сме се помириле. Јас и Игор Којиќ никогаш не сме биле непријатели. Ниту бевме ривали, ниту бевме конкуренција еден на друг. Така, животот сакаше така што Игор Којиќ беше тој што поминуваше најмногу време со нашиот син – изјави Милан за dnveno.hr и додаде:

-Не можев повеќе време да поминувам време со син ми бидејќи бев ограничен со судската пресуда, Северина поради обврските, па практично целата одговорност за детето падна на Игор Којиќ. За мене би било лудо да направам непријател од таков човек. Што направи Игор со таа свеќа, со оглед на тоа што сега ја знам целата ситуација, неговиот став и неговото искуство од врската со Северин, не го обвинувам ни малку за таа свеќа бидејќи ми е сосема јасно што се случи и мислам дека и нему тоа му е јасно. Колку што му е жал за тоа што се случи, толку ми е жал што мораше да направи такво нешто,вели Поповиќ.

Инаку,Северина минува низ бурен период од животот, неодамна беше приведена поради тепачката за наследство со сестра и, а нејзините бивши ги здружија силите.

фото:Instagram/Илустрација Ало.рс

Останати вести од Радио Милева