Радио Милева
нова одлука

Милан Поповиќ повторно ја доби Северина на суд и синот останува кај него: „Многу сум тажна, 20 месеци сум без детето“

Милан Поповиќ повторно ја доби Северина на суд и синот останува кај него: „Многу сум тажна, 20 месеци сум без детето“

Северина Којиќ и Милан Поповиќ повторно се сретнаа на суд на рочиштето на кое се одлучуваше за старателството на нивниот син кој моментално живее со бившиот сопруг на пејачката.

Северина и Милан посебно пристигнале на рочиштето. Поповиќ не сакал да дава изјави додека Северина изјавила дека се надева дека почесто ќе го гледа синот.

„Многу сум тажна. 20 месеци детето е без својата мајка и јас моето дете го гледам под чудни околности, но верувам во правдата и се надевам дека се ќе биде океј“, изјавила Северина пред судот.

Со неа на судот се појавил и нејзиниот адвокат Мате Матиќ.

„Одлуката е завршена и нема да бидат приложени докази. Заклучено е рочиштето и одлуката ќе следува во еден времески период“,  изјави адвокатот на пејачката.

Инаку, претходната година синот кој живееше со Северина и беше одземен и тој сега живее со нејзиниот поранешн сопруг. Пејачката под одредени околности и правила донесени од судот има права да го гледа синот.

Останати вести од Радио Милева