Радио Милева бакни ја жабата

Милан Мариќ – актерот што го играше Тома е на мака: Позната твитерџика што се претставува како „волшебна жаба“ уште оваа зима сака да го има… за маж! (ФОТО)

Милан Мариќ – актерот што го играше Тома е на мака: Позната твитерџика што се претставува како „волшебна жаба“ уште оваа зима сака да го има… за маж! (ФОТО)

Во морето обожаватели на популарниот актер Милан Мариќ се најде и една „волшебна жаба“ која привлече големо внимание на Твитер.  Влијателната твитерџика која го користи псевдонимот „Волшебна“, а на сликата на профилот има препознатлива слика од жабата Кермит, веќе една недела се шегува на сметка на актерот и се обидува да му го привлече вниманието.

Таа тврди дека е заљубена во него и дека сака тој да и стане иден сопруг. Мариќ, која инаку е исто така многу активен на Твитер, видел неколку нејзини објави и започнал кратка преписка со корисничката на овој профил. Гледајќи ги нејзините јавни пораки, Мариќ се пошегува на сметка на објавата на жабата Кермит.

„Што ќе правам во твоето срце, кога не припаѓам таму? Што ќе правам во твоето срце, кога толку малку знаеме?“ – напиша Мариќ со препознатлив гиф.

„Ова мене ми е посветено, ако не се лажам“ – веднаш се препознала „вошебна“-та твитерџика.

 

Во своите соопштенија за Мариќ, кои се сосема искрени, „волшебната жаба“  се пошегува дека сака актерот да и биде иден сопруг. Таа на Водици објави две фотографии, едната со наслов на текст од весник: „Ако вечерва ставите огледалце под перница, се верува дека ќе го сонувате вашиот иден сопруг“, а другата со жабата Кермит како лежи со мислите пред огледало, на која е монтирана сликата на Мариќ.

 

Таа на  Твитер тврди дека тие двајцата се Меган Маркл и принцот Хари на Твитер. Или како што умее да напише: За повеќе детали – останете во тек…. за да видите што ќе се случи!?

To top