Милан Калиниќ на својот Инстаграм профил објави смешен клип од својот дом за време на изолацијата. Овој пат актерот и ТВ водител се надминал себеси: Облечен како жена, имитирајќи го Фреди Меркјури, легендарниот пејач на „Квин“ во нивното видео „I want to break free“ (сакам да сум слободен) излезе пред камерата.
На себе носеше градник, маичка, мини здолниште, чорапи и кломпи, но и мустаќи како легендарниот Фреди, со што најпрвин ги шокираше, а откако сфатија за што се работи, до солзи ги изнасмеа своите следбеници на социјалните мрежи.
Така облечен, Калиниќ заводливо танцуваше среде дневната соба со правосмукалката в рака, па со крпа ја бришеше прашината, глумеше и пееше.
„Во изолација најважно е да се поделат домашните работи“ – напишал Милан во прилог на смешното видео, додавајќи дека целосно „пукнал“.