Радио Милева пресуда

Mилан Калениќ осуден поради учество во тепачка на натпревар – еве колкава е казната

Mилан Калениќ осуден поради учество во тепачка на натпревар – еве колкава е казната

Водителот и актерот Милан Калениќ е осуден на десет месеци затвор, условно на две години поради учество во тепачка на натпреварот Црвена ѕвезда и Партизан во април 2019 година.

Покрај условната казна, Милан е санкциониран и финасиски односно 50 000 денари.

Според пресудата, Калениќ една година нема да може да присуствува на натпреварот „Црвена ѕвезда“. Меѓутоа, постои уште еден услов. Имено, секој пат кога кошаркарите на „Ѕвезда“ ќе играат натпревар, водителот ќе мора да се јавува во полиција и да остане таму додека не заврши натпреварот.

Потсетуваме, во април 2019 година пред кошаркарскиот натпревар меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан дојде до тепачка во која учествуваше и Милан Калениќ. До конфликт дојде поради место во делот ВИП.

To top