Вчера во Белград се одржа свадбата на пејачката Данијела Кариќ и Иван Милеусниќ, а прославата беше во еден ресторан.
На забавата беа голем број на познати личности, а меѓу нив Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ.
Тие седеле на иста маса, а кога Милан пристигнал се поздравил со Рада и ја бакнал во образ.
Подоцна тие се фатиле за микрофонот и заедно ја отпеале песната „Ко на грани и јабука“.
За потсетување, Милан и Рада беа во врска, а откако раскинаа пејачката е во врска со Харис Берковиќ.