Мегафон лекција за образовни реформи

Мила, ако не те бива, молчи, гледај и учи: Три песни од Ѓорѓе Балашевиќ влегуваат во читанките и учебниците за основно образование во Србија (ФОТО)

Мила, ако не те бива, молчи, гледај и учи: Три песни од Ѓорѓе Балашевиќ влегуваат во читанките и учебниците за основно образование во Србија (ФОТО)

Додека кај нас во Mакедонија, научната, универзитетската, академската, медиумската… јавност, наставниците и родителите битка бијат со „дигиталните импровизации“ на министерката Мила Царовска и нејзините „трагикомични, погубни и штетни образовни реформи“, во соседна Србија се случува еден сосема поинаков образовен процес. Процес кој знае и умее да ги  препознае, согледа и имплементира вистинските вредности во образованието за најмладите.

Имено, три музички дела на еден од најголемите кантавтори и текстописци од областа на поп музиката, неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ, ќе завршат во учебниците за основно училиште. Честа на „некои нови клинци“ кои ги учеа и анализираа делата на „Панонскиот морнар“ им припадна  ја добијат неговата „Дрвена песна“ наменети за осмоодделенците, додека за во пониските одделенија се наменети  „Д-мол“ и „Девојката со чардаш нозе“.

Проф. Ивана Лучиќ од новосадското основно училиште „Коста Трифковиќ“ вели дека изборот мошне е интересен:

„Важен е затоа што е разновиден и токму тоа го одликува нашиот драг Ѓоле Балашевиќ. Така ја имаме „Девојката со чарадаш нозе“, весела, полетна песна, потоа „Д-мол“ – тажна љубовна песна и  за осмоодделенците „Дрвена песна“, која говори за соништата на едно дете“ – вели таа.

Професорката смета дека изборот на песни е адекватен:

„Тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни, затоа се убава задача за наставниците да ја анализираат песната заедно со учениците, да ги најдат стилските фигури,  скриениот смисол и нивното преносно значење“ – заклучила таа.

 

 

To top