Радио Милева
одложен настап

Мик Џегер позитивен на коронавирус (Фото)

Мик Џегер позитивен на коронавирус (Фото)

Мик Џегер (78) е позитивен на Ковид-19, поради што „Ролинг Стоунс“ го откажаа настапот во Амстердам.

Бендот соопшти дека настапот во арената „Јохан Кројф“ ќе биде одложен и дека искрено жалат за одложувањето на концертот, но безбедноста на публиката, другите музичари и тимот на турнејата мора да биде приоритет – се наведува во образложението за откажувањето на концертот.

Мик во порака до фановите додаде:

– „Ви благодарам за трпението и разбирањето.“

Бендот моментално е на турнеја „Сикти“, по повод 60-годишнината каде планираа да имаат  14 настапи во 10 европски земји.

Но, билетите за концертот ќе бидат прифатени за новиот датум.

Стоунси веќе отпеаја три датуми од нивната турнеја, вклучително и еден во Британија на Енфилд во Ливерпул.

Фото:Принтскрин/Eпа

Останати вести од Радио Милева