Радио Милева
потенцијални ријалити ѕвезди?

Мичо, Марија, Моника, Дијана, Кристина… Кои учесници од Македонија ќе бидат дел од претстојната, шеста сезона на најгледаното регионално ријалити „Задруга“? (ФОТО)

Мичо, Марија, Моника, Дијана, Кристина… Кои учесници од Македонија ќе бидат дел од претстојната, шеста сезона на најгледаното регионално ријалити „Задруга“? (ФОТО)

Оддамна е јасно и познато дека  шеста сезона на најгледаното регионално реалното шоу „Задруга“ ќе има. Сега е познат и датумот на нејзиниот почеток, како дел од имињата кои ќе се појават на ТВ екраните во ова ријалити. Преносот ќе започне за две недели, односно на 9-ти септември во 21 часот, потврдија организаторите од телевизијата „Пинк“. Иако се’ уште не се познати сите натпреварувачи и списокот на учесници не е конечен, многу се зборува за некои веќе познати и стари учесници, некои сосема нови, нои и нови, јавни фаци од Македонија.

Српските медиуми веќе започнаа да ги објавуваат имињата на учесниците  во „Задруга 6“, а меѓу нив најпрвин почна да се шпекулира за познат македонски спортист.

Станува збор за кошаркарот од Скопје, Милорад Миновски – Мичо кој е висок 195 сантиметри, а телото му е прекриено со тетоважи. Две години играше за екипата на Вардар, а во „Задруга 6“ влегува како би искусил нешто ново, пренесуваат српските медиуми.

„Потпишав договор, а од поранешните задругари ги познавам Спејко и Моника Јовановска од минатата сезона“, изјави неодамна тој.

Токму името на Моника Јовановска и нејзината најдобра другарка, македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска, се споменуваа во естрадно, кулоарските кругови, па и во некои медиумски написи како можни учеснички во новата сезона на „Задруга“.

Со оглед на тоа што Моника веќе има искуство, па ќе ја подучува, брани од неволји и ќе и помага на  Марија што полесно да ги совладува ријалити предизвиците.

Кога сме веќе кај македонските пејачки и Дијана Оу-Џи, се’ попопуларната скопска (т)раперка се спомнуваше во комбинација за учество во новата сезона на „Задруга“.

Како што вели и самата, кој знае дали ќе има живци да издржи подолго затворена во такво опкружување, ама пак од друга страна, нема ништо против и идејата вреди за размислување?

Позната како некоја која е „пис на јазик“ и без многу предрасуди, впрочем како и Марија Луиса, можете само да замислите што би се случувало кога некој(а) ним ќе им „стапне на жуљ“? Веројатно би се завршило со вербален, ако не и физички „масакар“!

Патем ниту на една од нив двете разголувањето, еротиката, сексуланите конотации и јавното споделување експлицитни моменти не им се страни – напротив!

Марија Луиса со домашно видео и куп еротски фотографии и фотосесии зад себе, Дијана Оу-Џи со сличен арсенал видеа и фотографии на својата „Онли Фанс“ страница за возрасни!

И конечно, последната позната Македонка која се споменуваше како можна учесничка во „Задруга“ е Кристина Димитриевска. За нејзе се зборуваше и минатат сезона, но до такво нешто не дојде, иако се чини дека македонската мисица, модел и пејачка е некако „на два ума“ дали годинава да влезе во „Задруга“?

Впрочем и нејзините следбеници на социјалните мрежи и поставија такво прашање, на кое атрактивната тетовка немаше конкретен одговор, ама затоа јавно рече дека ќе се консултира со некој кој е јавна личност и веќе има ријалити искуство, а нејзе и е многу близок…

Како Гастоз на пример?

Ако се реши да каже – ДА, многу ќе и помогне тоа што е бивша сопруга на позната јавна личност во регионот, нејзиниот екс маж Даниел Кајмакоски.

Единствен проблем за неа  можеби ќе биде оддлеченоста од синчето кое по разводот со Даниел остана да живее со неа и за кое е Кристина многу приврзана. Така што, што и да реши – нема да згреши!

Како и да е, засега учеството на споменатите познати Македонци и Македонки е потенцијално можно, но не е потврдено и останува неизвесно… Освен можеби за бившиот кошаркар и единствениот маж меѓу сите дами, Милорад.

Но, изненадувањата во „Задруга“ се и тоа како  можни, што впрочем се потвди сиве овие години.

Па затоа нека не ве изненади, ако утре во најгледаното регионално ријалити „апансас“ влета и некоја од споменатите македонски дами!

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева