Радио Милева Зошто пиле?

Миа Костова во „Фејсбук војна“ сама против „сите“, а најмногу против „партиски доктори“ и функционери: „Ќе ги замолам партиските полтрони со трајна фризура да не ме ставаат во уста“! (ФОТО)

Миа Костова во „Фејсбук војна“ сама  против „сите“, а најмногу против „партиски доктори“ и функционери: „Ќе ги замолам партиските полтрони со трајна фризура  да не ме ставаат во уста“! (ФОТО)

Новите рестриктивни Ковид мерки на Владата и Комисијата за заразни болести не само што се „ќорец во празно“ кој не дава никакви ефекти, зашто ем се небулозни, нехумани, нечовечки, селективни, понижувачки… ем тотално задоцнети. Или што би рекол народот: „После свадба, чуму тапани“, зашто мерки требаше да има уште во мај-јуни, кога вирусот „мируваше“. Ниту ПЦР тестови за влез, ниту вакцинален картон или било каков друг доказа за вакцинација или прележана корона, ниту бутур… Границите беа ширум отворени, влегуваше и излегуваше, кој како стигне, се правеа свадби од по 500 души, журките и концертите по туристичките места, а и насекаде низ Македонија беа пуштени на најјако… Ама тогаш на Заев, Филипче и останатите од Владата им се чинеше дека така треба… Или поточно, така им чинеше!?

И сега кога „водата дојде до носот“ – радикални мерки. Ем без смисол и логика, ем без ефект. Уште една поделба на народот на покрај веќе постоечките:  национални, верски, етнички, партиски, социјални… На вакцинирани и невакцинирани. Како да сме во среден век… На „лепрозни“ и оние другите, од другата страна на ѕидините!

Народот врие, социјалните мрежи експлодираат, а на нив пак поделби… На „ваши“ и „наши“… на оние кои бесмислено, упорно ја бранат Владата, премиерот, министерот за здравство и останатата свита и нивните „килави“ одлуки и мерки оние кои „рафално ги решетаат“… Со изјави, написи, постови, примери, искуства, научни докази…факти.  И меѓу едните и меѓу другите, ликови од најразлична фела, па дури и оние од лекарската, партиски послушници или пак јавни и естрадни личности.

Една од оние кои се најгласни, но веројатно и најхрабри е секако македонската ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова, која се чини дека е во „Фејсбук војна“ и тоа  сама против „сите“, а најмногу против „партиски доктори“ и функционери.

По „преписката“ со министерот за здравство Венко Филипче и нејзината прочуена констатација: „„Пола докторска фела се смее на теорииве новокомпоновани, он упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5:15 сабајле. Дај докторе замини, почнавме да зеваме“,  која одекна не само на социјалните мрежи туку и во медимумите, послушниците на „империјата“  веднаш се најдоа (само)повикани да (и) го возвратат ударот.

Миа Костова отворено му го „плесна“ на Филипче: „Пола докторска фела се смее на теорииве новокомпонирани, а тој упорен со истиот муабет како пијан на слава у 5 и 15 сабајле… дај докторе замини, почнавме да зеваме“! – Вистина.мк (vistina.com.mk)

Така во Фејсбук преписките се најде постот на извесна неидентификувана персона потпишана под псевдонимот „Лусила“  која ја подбра Миа, но многу повеќе со лични навреди отколку со некакви факти за или против владините ковид мерки.

Нејзиниот пост на својот официјален Фејбук профил, веројатно за да покаже активност, ама повеќе и лојалност, веднаш го споделил Александар Поповски –  главниот координатор на Центарот за комуникации на СДСМ, кусо коментирајќи го со едно: „Win“  или во превод: „победи“!

Арно ама Миа не би била Миа да не е „Фејсбук змија“ која за секој „отров“ има „противотров“, па на партискиот координатор му возврати, така што секој што гледа отстранаќе рече:

„Аууууу… Ова болеше“!

Имено, русокосата јавно на ѕидот на својот Фејсбук го прозва Поповски истакнувајќи го со фотографија и коментар во кој директно му се обраќа:

„Ќе ги замолам партиските полтрони со трајна фризура да не ме ставаат во уста, или да одиме да поспамаме во кометари, ние, што си имаме други гледишта на работите без да сме платени за тоа. Александар Поповски, зашто пиле? Со оваа слика и фризура?“

Патем, Миа ги предупреди своите следбеници да внимаваат на кој доктор му веруваат при читањето на споделените Фејсбук постови, а на оние што наместо да лечат пациенти, лечат комплекси на социјалните мрежи, како и на политичко-партиските полтрони платеници им порача дека воопшто не им се плаши, зашто став и свое мислење имала и ќе го има навек, како што самата напишала:

 

Фото: Социјални мрежи

 

To top