Екс водителката на најпопуларниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, а сега можеби и најпозната инфлуенсерка во Македонија, Миа Костова редовно ги информира корисниците на социјалните мрежи за сите одлуки преку нејзиниот Инстаграм профил.
Миа овој пат реши да открие каде ќе ги помине претстојните празници, со кого и на кој начин организирале патување.
Таа потврди дека ќе овековечи дел од убавите спомени кои ќе се родат од ова ново искувство и ново доживување кое ќе биде исполнето со неизвесност и многу авантура.
Откако одлучи слободното време да го искористи во дружба со следбениците, сподели дека е подготвена за прашања, со цел да ги мотивира и охрабри со нејзините одговори.
– Имам малку слободно време може да ме прашате што сакате? – напиша таа.
Првото прашање секако беше за претстојните празници па, прашањето гласеше : „ Каде ќе патувате за Велигденските празници?“
„Конкретно за Велигден сме во Охрид. Од таму продолжуваме… “- Па, уште на почетокот Миа откри дека планира да замине на подолго.
„Дали летате во четврток?“
„Не летаме, ја возиме Италија со кола. Здравје од понеделни. Во меѓувреме сме во Охрид“.
„За каде се спремаш Миа и колку време остануваш ?“ – следеше љубопитното прашање.
„Со овие двајца одиме за Италија со кола. Почнуваме негде од Бриндиси па нагоре, Амалфи, Тоскана, Фиренца, каде ќе не вее патот. Не знам колку време, колку ќе треба толку“. – Таа со фотографијата покажа дека ќе патува со нејзините најдраги, па тука се отвори дилемата за времето и отсувството од училиште на нејзиниот син Адрија кој после празниците би требало да продолжи со редовна настава.
Но, загрижените следбеници имаа само едно прашање: „Зарем нема да биде проблем што Андрија ќе отсувствува од наставата?“
Со оглед дека на луѓето кои не одат на колективен одмор, а на кои децата им одат во училиште патување во било кој период би им било проблем, Миа ги охрабри и одговори: „Со оглед на празниците ќе бидат некои 8- 9 работни дена. Мислам дека не е крај на светот. Особено не за дете од 5 -то одделение или 4 то по старо. Ништо драматично и страшно“.
„Дали си стога со Адрија во однос на учењето?“
„Не сум воопшто. Одговорен е, но не мора да му се сите петки. Никогаш тоа не би го барала од него. Нешто му оди, нешто не сака. Така и треба да биде“.
Вака одлучила Миа Костова, а дали вие се согласувате со неа и нејзината постапка, пишете во коментари.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова