Радио Милева среќна мајка

Миа Костова вака го испрати на училиште своето синче-прваче: „Каде би ти волку голем“?

Миа Костова вака го испрати на училиште своето синче-прваче: „Каде би ти волку голем“?

Водителката Миа Костова и тоа го дочека:  да го испрати своето синче Андрија во прво одделение! Стокмени и дотерани како секоја горда мајка и секое прваче, тие обајцата дојдоа во училиштето и подготвени го дочекаа првото училишно ѕвонче.

Таа природно, возбудена и среќна, тој малку збунет но сепак смирен, обајцата ја следеа приредбата што повозрасните другарчиња им ја подготвија и приредија „за добредојде“на новодојдените првачиња!

Нормално, заедничката фотографија снимена неколку мигови пред првиот влез на Андрија во училиштето осамна на нејзините профили на социјалните мрежи!

Покрај неа, гордата и среќна мама Миа напишала: „Каде бе ти волку голем? ?? Среќно мајка“!

Епа, нека му е среќно!

 

 

To top