Живееме во едно модерно време, време на напредок на технологијата, време во кое социјалните мрежи се дел од нашето секојдневие.
Речиси да нема човек кој нема „Инстаграм“, „Фејсбук“, „Твитер“, а во последно време е актуелна и апликацијата „Тик Ток“.
Македонските јавни личности се активни корисници на социјалните мрежи, па често ги користат да објавуваат разни објави.
Тие објавуваат фотографии од своите активности, проекти, ангажмани, од своите дела, соработки, фотографии од своето секојдневие, а социјалните мрежи се одлична алатка за промоција и маркетинг.
Меѓутоа, она што е акутелно се инфлуенсерите кои имаат голем број на следбеници и постираат разни објави со кои рекламираат и промовираат одреден бренд на накит, козметика, парче облека, патувања…но, и разговараат со своите фанови, им делат совети, мислења, дебатираат на одредена тема.
Некогашната водителка на „Бекстејџ“ е активна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од своите активности и со своите фанови споделува разни моменти и периоди од животот.
Така деновиве, во време на карантин и вонредна состојба, Миа имаше повод за славење.
Имено, таа прослави 25 000 следбеници на социјалните мрежи.
По тој повод, водителката доби торта, и им се обрати на оние кои ја следат и кои ја подржуваат.
„Не дека е којзнае што, ама ете моите пријатели и јас сметавме дека е супер повод за торта. И кога веќе ја имам, само сакам да ви се заблагодарам на сите 25000 за дружбата, и на вас кои сте тука за да се забавуваме, за да се смееме, за да се нервираме за слични работи а и на вас кои сте тука да соберете матереијал за да имате што да правите со себе. И без едните и без другите не би била ова што сум денес. Им благодарам на сите за соработките и им благодарам на сите кои било како ми помагаат и се дел од мојот инста свет. Ве сакам се гледаме на 50к за едно две години“напиша Миа.
Таа им се заблагодари на сите за соработката, дружбата, им се заблагодари на поддржувачите и им посака сите да имаат убави и успешни соработки.
За потсетување, Дарко Спејко е единствен маж од Македонија кој е верифициран од страна на „Инстаграм“.