Македонската ТВ водителка и мошне активна инфлуенсерка Миа Костова, продолжи на себе својствен начин да ја отсликува реалноста. Нештата што ни се случуваат пред очи, кои секојдневно ги гледаме, забележуваме, коментираме, негодуваме, ама никако да ги поправиме.
Покрај споделените постови и речиси секојдневните коментари на негативните појави во општеството на социјалните мрежи, односно општествените будалаштини, Миа однеодамна најде нова форма истите да ни ги предочи сликовито. Со хумористични видеа во сопствена режија, во кои ги исмева (не)работата, полтронството, митото, корупција, негрижата, неспособноста, неодговорноста, непотизмот, индолентноста…
Или сето она што е „за плачење“ , собрано на купче, што најчесто ја прелива чашата, која никако некој да се сети да ја истури, убово измие и одново стави во функција, онака како што треба. И пак вака треба, зашто така им чини… Ним, ама не и на народот!
Ако во првата епизода на тапет беше јавното здравство, сега на Миа Костова инспирација и е јавната администрација. Шалтерот како пример за соочување со суровата вистина на секојдневието во кое живееме… И ние од оваа и тие од онаа страна на истиот тој шалтер. Само рзликата е тоа што ние ги плаќаме од наши пари, а тие си тераат по свое. Платата тече, а работата… кој колку може… другото може и да почека… Ден има и утре! Шалтерот и утре работи… А тоа што шалтерот повеќе личи на шанк отколку на шалтер, на домашна менза или распена кафеана и службеничка ала „жена од султана“… Еј па Вие какви сте, на се’ да најдете мана!
Мана? Ова кај нас не мана, туку има сериозна серија недостатоци… Фабричка грешка, фелер софтвер во старт, надграден со фалц хардвер…
Иако како што во самиот старт на видеото се тврди дека има за цел само да ве насмее, иако не е далеку од реалноста. Ликовите се измислени, а секое препопознавање е чиста случајност… А можеби и не е.
Впрочем, погледнете како изгледа кога ќе се најдете во ситуација за Ваши пари да мора „да и се молите“ на јавната админстрација. Миа Костова слатко ќе ве насмее, но и длабоко ќе ве замисли… Затоа секој од Вас убаво нека размисли, „пред чиј шалтер ќе застане“. Погледнете: