Миа Костова, атрактивната ТВ водителка одново ја бранува јавноста. До вчера во најпопуларниот ТВ магазин „Бекстејџ“, заедно со Миро Кацаров, од скоро Миро сам во магазинот од зад сцената? Миа ја има – ја нема? Некои велат привремено отсутна, други тврдат дека ќе се појави во нов проект што го подготвува продукцијата, трети се колнат дека добила „шут карта“ оттаму?!
Арно ама, никој не знае од сето тоа што е точно, освен двете „засегнати“ страни, кои спак си молчат како залиени. Како риби!
А кога сме веќе кај рибите, згодната русокоса „риба“ во моментов плива на море. До душа, на споделените фотографии ќе ја видите повеќе во и крај базенот, ама сеедно.
Миа Костова е во Турција, на продолжено, таканаречено „циганско лето“! Ги спојува убавото и корисното. Ужива, ама не е сама и не е приватно, како што не е ниту со „саканата“ половина!
Имено, Миа Костова снима спот! Музички видеоспот! Со Андреј и Панчо! Или поточно, игра улога во новиот видеозапис на ДНК, кој се снима во Турција… на море!
А таму, Миа максимално ги користи часовите додека не снима. Распослана со сиот свој телесен раскош на сламената лежалка, сексапилната убавица размислувајќи онака, општо за животот, се сети дека наскоро и доаѓа 35-иот роденден, па налета на пар мудри мисли во својата глава:
„Ми се ближи 35тиот роденден. И секогаш сум имала скромни желби. Клише. Оние, живи здрави. Човек за љубов. Мои луѓе. Среќно дете. И многу денови со сонце. И патувања. И сега, што да посакам?“ – во дилема е Миа?!
Па откако реши малку да олади глава или подобро речено, да олади тело во базенот, па така плутајќи потпрена на новите силикони, Миа си замисли желба „на ниво“ за 35-иот роденден:
„Моето лето што трае пола година. Нека се повторува секоја следна. На ниво, заради…“
Веројатно, заради многу нешта, што само на Миа и се одблизу познати! Епа, нека и се множат! И желбите и годините и убавините… „На ниво“ кое го посакува русокосата!