Радио Милева

Миа Костова се согласува со овој став на Марија Шерифовиќ: „Кој е проблемот!?“

Миа Костова се согласува со овој став на Марија Шерифовиќ: „Кој е проблемот!?“
фото: Принтскрин/инстаграм

Социјалните мрежи станаа модерна алатка преку која може да се информирате за многу работи, да го кажете своето мислење…

Инфлуенсерството станува се повеќе актуелно особено во време на корона, кога познатите немаат настапи, па знаат да промовираат одреден бренд.

Македонската водителка Миа Костова е актулен  корисник на социјалните мрежи.

Редовно постира објави на кои ги промовира своите пријатели – односно брендови за облека, накит, козметика, разни третмани, а знае да се приклучи во живо и да се дружи со следбениците, некогаш дебатирајќи на одредена тема.

фото: Андријана Костова Петровска/anidimi.photography

Неодамна Костова прележа корона, а веднаш по завршената изолација излезе на улица и заблеска во полн сјај.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/mia-kostova-ja-pobedi-koronata-pa-izleze-na-ulica-vo-poln-sjaj-foto/

Модерни парчиња облека, брендиран накит, квалитетни козметички производи, се’ тоа на неа изгледа префинето и со вкус. Многумина ја нарекуваат „дама со стил“ и често ја прашуваат за модни совети.

Овој пат, Миа се  согласи со ставот на Марија Шерифовиќ дека доколку некој нема доволно финасиски средства немора да купува прескапа гардероба.

Српската пејачка на својот „Инстаграм“ објави видео во кое се прашува која е потребата на луѓето да носат афримирана облека, а притоа немаат 500 евра во џебот.

„Отидете во Зара и облечете се како госпидин и ќе изгледате 100 пати подобро отколку во тие пластични сантетички работи. Кога немав пари, носев Зара, ХМ, еве и сега е така – кој е проблемот?“, вели Марија.

Со ова мислење се согласи и Костова која го сподели видеото на „Инстаграм стори“ и напиша:

„Се’ што сум веќе кажала, само на српски и многу помангупски начин отерено у три лепе“.

фото: Принтскрин/инстаграм/миакостова/маријашерифовиќ

фото: Принтскрин/инстаграм/миакостова/маријашерифовиќ

Се согласувате ли со ова мислење на Марија и Миа?

Останати вести од Радио Милева