Миа Костова е од онаа чудна сорта јавни фаци, кои и кога ги нема, најприсутни се тогаш… Неа веќе некое време ја нема на ТВ екраните, а сепак имате чувство како да е тука покрај вас, како да ја гледате секој ден, како кога беше дел од „Бекстејџ“ екипата.
Не е ниту на радио и ТВ, никаде не пипшува, во ниту еден портал или тоа малку весници и магазини што останаа, а сепак секојдневно присуството на нејзиниот дух и појава како да лебди некаде во етерот. Истиот оној, кој сега го исполнуваат, или поточно преплавуваат социјалните мрежи и на нив споделените милиарди се’ и сешта и по некои поучни, забавни или корисни нешта… Чудно, но вистинито.
Впрочем, како и ова чудно време. Лето е, а како да не е… Според ниту еден параметар, освен календарот. Ниту по температурите, ниту по детскиот џагор за време на распустот, ниту пак по емотивниот набој дека ни доаѓа годишниот одмор, море, сонце, песок, плажа, опуштање, релаксација… Или пак исполнетоста по враќањето од летната авантура наречена годишен одмор. Сега само некоја чудна празнина, неизвеност, исчекување и носталгија по минатото за утеха… Лето е, а како да не…
Веројатно, токму вака некако се почувствувала и Миа Костова, па со две фотографии од Дојран и еден кус пасос на својот „прозорец кон светот“ наречен личен Инстаграм профил, раскажа по што ова лето ќе го памти:
„Лето. Толку го чекав за да не знам што да правам со него откако стаса, а богами сака да заврши кај и да е. Ако не се довлечкам до некое море, ќе го памтам по приказната за една карма која закасни ама стигна. Или по некои старо нови пријателства. Или по едни глупави резултати на лекар. Или по ресторанчето над Скопје. Или по Просекото што е на маса секое лето. Или по промената на станот. Па добро, не е толку страшно, кај ми е пасошот?“ – напишала атрактивната русокоса соблечена во костим за капење и проѕирна наметка од црна тантела на себе, која го истакнува нејзиниот сексапил и дефинира нејзиниот стил на елегантна и модерна урбана убавица.
Уште пасошот да го најдеше… Колку да види кога и истекува, зашто засега… само за тоа може да и послужи!