Радио Милева искрен монолог

Миа Костова отвори душа со 33 работи што не сте ги знаеле за неа… меѓудругото и како се тушира (ВИДЕО)

Миа Костова отвори душа со 33 работи што не сте ги знаеле за неа… меѓудругото и како се тушира (ВИДЕО)

Поранешна ТВ водителка, која всушнот и не престанала тоа да биде и една од најактуелните и најактивни инсфуленсерки кај нас, контроверзна личност зад која колку повеќе се плетат кулоарски приказни, толку повеќе е  „без влакна на јазикот“, кој баш и не дека не и е „подолг“  повеќе од што треба понекогаш, што  самата таа знае да го почувствува и на свој грб, на своја сметка…

Сепак, колку и да е отворена, а понекогаш и „без кочници“, никогаш никого не навредила, не понижила, не омаловажила… Иако знаела вистината да  ја „плесне“ в лице, а вистината која многу често знае да заболи!

Отворена и искрена, без маска на себе, освен онаа медицинската и тоа само кога е тоа неопходно, Миа Костова реши да ја „отвори душата“ и да го раскаже сето она што за неа, многу малку или воопшто не се знае.

Која е, чија е, каква е, што е, од каде потекнува, што сака, што мрази, што обожава, што не може да смисли, за што се лепи како магнет, а што воопшто не ја привлекува… Кои и се предностите, што и се мани, какви пороци има, а какви трауми од детството, што ја воодушевува, а што разочарува, од што ја фаќа паника, на што е апатична…

Што јаде, што пие, а што никогаш не био пробала, импулсивна или трпелива,  „што на ум тоа на друм“ или „два пати мери, еднаш сечи“, одговорна или не, поборник на „кој рано рани-две среќи граби„ или се’ прави во „5 до 12“, точна на време или си дозволува „академски 15 минути“ доцнење од половина час, брза или влечка на спремање, циција или галантна, „кој штеди-има“, или „живеј денес, за утре – ако има“…

Хипохондер или на лекар кога ептен се мора, мајстор во кујната или претпланик на храна од кафеани и ресторани, што и да шушне ја буди или кога спие „топ не ја бие“, штом стане јаде или прв оброк и е „ручек за вечера“, без што не оди никаде, а што никогаш не носи со себе, спорт или уметност, на што е храбра, а од што има уплав, кои паранои и каков страв?

И уште многу непознати нешта за неа, меѓу кои и феноменот: со кого спие и како Миа се тушира?

Но, за да не биде дека се’ сме ви раскажале, а всушност само сме ви наговестиле, која е, што е, каква е… Или едноставно, дали и колку ја познавате Миа Костова, погледнете го видеото во кое самата ќе ви раскаже 33 нешта за себе. Доволно, за одблизу подобро да ја запознаете, повеќе цените, а можеби и повеќе засакате?!

 

To top