Радио Милева практична жена

Миа Костова отсега лежи исклучиво на грб: Помала тежина – поголема свежина… (ФОТО)

Миа Костова отсега лежи исклучиво на грб: Помала тежина – поголема свежина… (ФОТО)

Откако ги монтираше силиконите македонската водителка Миа Костова не само што има нова телесна визура, туку има и нов начин на одмор… Лежење исклучиво на грб! А има и зошто!

Долгото лежење на стомак со сета тежина на телото ги уништува силиконите. Не дека русокосата убавица е кој знае колку тешка, напротив, Миа имаше одлични подготовки во теретана, па пред летото „ги слизна“ килограмите, доведувајќе ја фигурата до совршенство, ама сепак…

Ем за да не одат фира парите, ем да не испадне фалш естетскиот зафат, па наместо да и штрчат напрчени,  да се шета со сплескани, Миа реши да биде практична жена и повеќе да не ги „пресува“ новите силикони.

Лежењето на стомак го замени со лежење на грб, евентуално на бок… Освен во исклучителни случаи, се разбира, кога лежењето на стомак е неопходно. А и ако веќе мора да биде слатко, нека биде пократко. Што помала тежина – толку поголема свежина…  на совршено извајаната силиконска предница на водителката.

To top