Социјалните мрежи се платформи каде што поминуваме најголем дел од времето, а јавните личности ги користат за да ги информираат своите следбеници за нивните активности, планови, идеи.
Кога станува збор за пејачите, тие преку социјалните мрежи најавуваат каде настапуваат, ја промовираат новата песна, објавуваат фотографии од моментални активности и слично.
Екс водителката Миа Костова можеби е една од поактивните корисници на социјалните мрежи, па често ги информира фановите за нејзините новитети на социјалните мрежи.
Имено, Миа често знае да споделува и совети за нејзините корисници, да се дружи со нив или да ги известува каде е и што прави.
Меѓутоа, деновиве Костова го искористи слободно време за да се дружи со фановите и одговараше на разни прашања.
На прашањето дали размислува да живее во странство, таа одговори:
-Секој ден, се повеќе, а на прашањето каде би живеела, водителката одговори:
-Тоскана, Италија.
Колку тетоважи имаш, дали сите ти имаат значење?
-Сум престанала да ги бројам и поголемиот дел немаат никакво значење.
Како ги замислуваш пензионерските денови? И каде?
-Вака, во Тоскана на 70ти роденден.
На прашањето имаш ли дечко и колку време си во врска, Миа одговори:
-Имам поранешен сопруг, две три пропаднати врски, вонбрачно дете, и сеа ме испобрка што беше прашањето, напиша Миа.
фото: инстаграм/миа костова