Пушење… Уживање во тутунот и неговите дривати, навика, порок, зависност… Кој како сака си го толкува, ама секој втор го практикува.
„Пуши, пуши, пуши ме, гајле си немаме, пуши цела нација со гаранција…“ – како што велат и стиховите од еден од најголемите македонски хитови на сите времиња, песната „пушење“ на Роберт Саздов и Владо Јаневски, во почетокот на 90-ите познати како ултрапопуларно дуо „Ластовица“!
А кога сме веќе кај познатите и пушењето, речиси да нема позната личност, особено оние од естрадата, музиката, медиумите, модата… која не пуши… Или барем еднаш не запалила некој тутун. Таквите се „природна реткост“ и кај нас!
Порано чуреше кој кај ќе стигне, па пушењето со закон го забранија во угостителските локали, кафеани, ресторани, хотели, кафулиња, ноќни клубови… За подоцна да ја „избришат“ забраната, која остана да важи само таму кај што се јаде. Ама и покрај се’, пушеа сите и речиси секаде… И кај што може и кај што не може!
Сега власта решила да заведе одново ред… И тоа со закана дека „ќе тренира строгост“ и то на најсилно… Дали „заканите“ ќе се остварат или одново ќе биде „секое чудо за три дена“ па власта ќе се смени пред да успее било што да стори, ќе видиме набргу.
Арно ама „стравот лозје чува“, како што вели старата народна поговорка, па уште отсега некои „страсни пушачи“ почнаа да си спремаат терен… меѓу познатите фаци, Миа Костова е секако нејгласна и секогаш со отворен гард ги сочекува нештата. Русокосата екс водителка и сега можеби највлијателна инфлуенсерка уште отсега фаќа тактика.
Социјалните мрежи и се најсилното оружје, па позната како дама „без влакна на јазикот“, веднаш почна да се бунтува против ризикот од евентуалните мерки и забрани што ги чекаат пушачите.
А, Миа очигледно обожава да пуши. Оддамна, уште од девојче…
До душа во последно време тутунот го заменила со т.н. електронска цигара, ама сеедно, нешто да се има в уста… Нешто што ти го прави ќеифот, некое задоволство… што чури! Та биле електронски цигара, со класичен тутун или пури!
Зашто најпознатата македонска инфлуенсерка не може без цигара… Особено не кога оди некаде на забава, на дневен или ноќен провод, кога излегува во разни локали и клубови, каде власта се закани дека одново нема да се пуши, а казните за сите „непослушни“ ќе бидат ригорозни!
Затоа, за да не и биде скратено тоа неодоливо задоволство, македонската инфлуенсерка гласно се побуни против оваа најавена мерка.
„Стварно не знам што се напнаа пушачиве, па еве просто, ја не излагам кај што не се пуши. Се извинувам културно и не доаѓам затоа што, нит ми се пие пијачка нит ми е забавно да излагам надвор. Инаку се пуши и во Србија и во Грчка и во Дубаи… Нормално, не по молови и маркети… Е сега, ако сакате да мирисате на неонатологија излагајте у чекална у Систина. У друштво стално има пушач. Најчесто тој решава кај ќе се иде и ако може да се пуши у коцкарница, стварно не знам зашто они што губат се понервозни од мене што не можам да запалам цигара со винце. Да си се пуши, на кој му смета нека излага по хотели“ – споделила Миа на својот Фејсбук профил, како превентивен бунтовнички пост против „противниците“ на пушењето.
Се’ со надеж дека ќе биде разбрана и сфатена колку многу го обожава ова задоволство. Просто “ужива до уши“ кога пуши!
Фото: Инстаграм и Фејсбук/miandrija/Миа Костова