Откако Миа Костова повторно е на ТВ екраните, односно пред камерите на „Бекстејџ“, таа е постојано во фокусот на вниманието на ТВ публиката, а со самото тоа и на останатите медиуми.
За неа се пишува, говори, објавува, шпекулира… многу нешта или поточно се’ и сешто. Но, Миа вешто се справува со тоа, а понекогаш и „долева масло“ со своите бројни објави на нејзината омилена социјална мережа – Инстаграм.
Доста е попупарна меѓу следбениците кои ги има во голем број, а за тоа да е така, заслужни се нејзините бројни објави, искреноста, спонтаноста и одговорените паршања кои ги добива постојано.
Миа моментално пеколните горештини во Скопје реши да ги замени со Охрид, капењето во езеро и уживање во нешто пониските температури.
Кога сме кај прашањата кои ги добива од обожавателите, неодамна таа доби прашање зошто постојано носи бикини со висок стурк, а нејзиниот одговор имаше три пододговори:
-Има 1, 2 и 3…! Под 1: Неодговорна е со вежбањето; Под 2: Затоа што има родено; Под 3: Затоа што не изгледала онака, како што таа сака!
Но сега, очигледно самата разреши со сите три причини, па во Охрид облече бикини кое го открива стомакот.
Застана во профил и самата се разубеди во се’ она што го мислеше и кажа претходно. Ние само ќе потврдиме дека Миа Костова нема што да крие, туку може да биде самоуверена и горда секси мама!