Радио Милева
многу простор

Миа Костова на маки: „Морам да купувам нова облека“ (фото)

Миа Костова на маки: „Морам да купувам нова облека“ (фото)

Крајот на летото е одлично време за големо расчистување на домот. Летната гардероба ја заменуваме со потопла, а во плакарите треба да ослободиме повеќе простор.

Но, македонската инфлуенсерка Миа Костова на тоа средување му стави крај. Таа се пофали  дека ослободила место во нејзините гардеробери повеќе од што треба но,  сега повторно е на маки…

Иако нередот го стави во ред и покажа дека  се решила од хаосот кој долго време ја мачел сега повторно е во дилема.

Како  е кога  се е на свое место и колку е големо задоволството сега  знае и Миа која со фотографии ги покажа грешките кои со брзање и неразмислување понекогаш сите ги правиме.

Затоа магично, со дополнителни прегради и дополнително меки полици, Миа на нејзините приказни на социјалната мрежа покажа како е кога се е таму каде што треба да биде.

А тоа за неа значеше само едно, дека повторно има проблем.

Па, покрај уморниот емотикон кој го стави,  напиша: „И сега имам многу простор, морам да купувам нова облека.

Како и да е „чистката“ со средување на плакарот што ја направи Миа сепак е прекрасна идеја која може да биде инспирација за секого, а плус нови парчиња гардероба не би му дошле на никого лошо особено не на припадничките на понежниот пол.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева