Радио Милева ни пет, ни шест...

Миа Костова им го „плесна в лице“: „Здраво генијалци“! (ФОТО)

Миа Костова им го „плесна в лице“:  „Здраво генијалци“! (ФОТО)

Македонската ТВ водителка на „магазинот од зад сцената“, покраја атрактивниот изглед, позната е е поттоа што нема „влакна на јазикот“, особено не во последно време. Па така, она што другите срамежливо го потшепнуваат,  Миа Костова гласно го кажува. И тоа „ни пет – ни шест“, директно в лице. Ако не в лице тогаш на ѕидот на својот Фејсбук профил. Она што не и се допаѓа, или смета дека така не треба, „ќе ти го плесне ич око да не и трепне“. Па, потоа ти чуди се и мисли се, дали само на тебе се однесува или е општа констатација… во која ти само си се препознал!

Дали е или не е во право или не – не е наше да судиме. Ама затоа наше е да забележиме дека она што на русокосата водителка не и е право во последниот Фејсбук статус, очигледно кај нас станува масовна појава од широки размери!

Еве што има Миа да ви каже… Или барем на оние што од децата со сила прават „Анштајни“ во предшколска возраст:

Имам да ви кажам една ствар. А тоа се две ствари: не можам никако да си објаснам дали е до веков или млатењето пари што у френдови имам 460 генијалци од деца што посетуваат извесни курсеви и дигаат пехари на 5 години а уште газ не знаат да избришат? Не озбилно? Ја сум изглеа нешто откачена шо не сфаќам како у наше време имаше по едно такво дете. Сеа све сами генијалци, 6ти ден хоум ми е пун со ‘браво, на мама генијален мозок’ Мојов уште не знае да каже ‘Р’ .

Друго, сакав да ви кажам дека оние блогерските Баленсијага патики шо ги носите у разни бои се најгрдо достигнуче на мода и не, не се работи за вкусови, пошо да беа од пазар немаше да ги шетате со Гучи фустаните. У ПМС сум, али тоа не праи разлика!“ – им порачува Миа Костова на родителите на „новокомпонираните“ мали генијалци!

Она за блогерските патики и Гучи фустаните, ќе го оставиме за друг пат. Кога на Миа ќе и мине ПМС-от… Ама тоа не прави разлика, нели!

Зашто кога сме веќе кај генијалците,  на памет ни паѓа насловот на истоимената детска емисија од почетокот на 90-ите на МТВ со талентирани деца… „Здраво генијалци“. Кој знае колку и дали од  тие деца откако пораснаа го оправдаа насловот? Освен двајцата тогашни актери-водители – Туфи и Двојче… Обајцата подоцна станаа градоначалници!

 

To top