Од една страна државата труби со скапи кампањи, повикувајќи на „задолжителна“ вакцинација, од друга страна бројката на заразени и починати секојдневно расте! Диспропорција, дискрапанца, која некако е нелогична, зашто ако веќе за нешто наголемо агитираш, логично е од тоа да „профитираш“, односно истото да даде позитивни резултати.
Арно ама, очигледно едека во Македонија не е баш така, оти од кампањата профитираат само „шака луѓе“… и тоа финансиски, а од позитивни резултати, се само секојдневно зголемениот број на позитивни на Ковид 19 и за жал, најмногу починати во Европа по глава на жител. Останатото е срамно, грозно и поразувачки… Кампања за вакцинација класично злоупотребена за поинаква „герила акција“, да се понижи и омаловажи политичкиот противник во очи на претстојните локални избори.
Имено, Владата на Заев(и) наголемо делеше тендери за кампања која ќе повикува на масовна имунизација, а низ македонската престолнина осамнаа големи билборди со слична содржина… “ЗА“ и „КОНТРА“ вакцинација. Само што овие се срамни и понижувачки… И за граѓаните и за политичките противници на оние што ја злопупотребиле ситуацијата, а можеби и нашите пари (?), а патем го згрозија поголемиот дел од јавноста… Освен за оние што ја смислиле и исполепиле „бруката“ по метрополата, секако, зашто нив „мува не ги лази“, иако мувите обично се собираат на вакви гнасотии, каква што направиле.
Зашто да си партија на власт која пропагира кампања за масовна имунизација од Ковид 19, па наместо здравствена, да тераш политичка кампања пред кампањата за локални избори воопшто и да почне злопупотребувајќи ја пандемијата и сопствените гласачи, ем е срамно, ем самоубиствено и политички погубно.
Така барем излегува од содржината на она што е напишано на излепените билборди по Скопје, каде според „генијалните умови“ што ова го смислиле, сите што не се вакцинирани се ВМРО-вци, а вакцинираните СДСМ-овци. Демек СДСМ поддржува имунизација, ги покачува платите на лекарите, ВМРО-ДПМНЕ – поддржува антиваксерство, а лекарите ги нарекува убијци!!!
Нешто што ниту е точно, ниту некогаш некој јавно го кажал или изјавил, ниту пак било кој политичар од најголемата опозициона партија јавно застанал зад ваквите небулозни тези!?
Дека го претераа со „некрофилските лаги“ веднаш препознаа многумина од граѓаните. Тие казната ќе ја испорачаат на изборниот „ден Д“, а на срамните и лажни пораки испечатени на излепените билборди први реагираа и некои од познатите, јавни личности.
Така, ТВ водителката и инфлуенсерка Миа Костова одново со право „ги заплеска“ оние од власта… Вербално, на својот Фејсбук профил, секако, истурајќи им ја „самоубиствената мизерија“ в лице:
„Не, стварно, трет пат прашувам, кој ви ги смислува бе? И плата зима?
Прво, поддршка за право на избор не е антиваксерство, второ, не сте можеле подобро да го смислите за да не ве видиме веќе.Да пишеш грижа, на 40 мртви дневно на шака народ е во најмала рака еготрипично, сељачки, недостојно и безобразно.Секој ден сте сѐ помизерни или секој ден сте сѐ подалеку од фотељките у кои качувате само килажа и црни бројки“ – им порача Миа на властодршците од Бихаќка и Владата.
Ништо поразлично не им соопшти ни познатата фриленсерка Јорданка Ивановска Јоци, која на СДСМ им објасни што ќе добијат од граѓаните за ваквиот потег на денот на гласање, а патем праша од кои и чии тоа пари се тераат сулуди „црни кампањи“?
„Која тапа се овие СДСМ, кои шупци.Сите што не сакаат ваксајн по нивно, ги направиле ем антиваксери, ем вмровци.
Епа сеа откако ги направивте сите вмровци, чекајте резултати од ДИК како ќе добиете еден поголем, ‘дик’. Во Македонија се гласа традиционално од инат и против!
Туку, оваа кампања за ваксајн, ако е истата, ја плаќаме сите ние, грдни 270.000 евра, поделени на три маркетинг агенции. Плаќаме власта да ни се моча на глава!“ – праша Јоци.
Фото: Социјални мрежи