Радио Милева силиконско време

Миа Костова го покажа новиот часовник, ама погледите ги собра оној другиот, нов детал на неа! (ФОТО)

Миа Костова го покажа новиот часовник, ама погледите ги собра оној другиот, нов детал на неа! (ФОТО)

Миа Костова повторно е на телевизија. Атрактивната водителка заедно со колегата Миро Кацаров повеќе од успешно го „вози“ реобновеното издание на најпопуларниот естраден ТВ магазин кај нас, „Бекстејџ“.

А кога си на телевизија, бил на сцената или зад неа, секако дека си атрактивен и интересен како за гледачите, така и за спонзорите. До душа не секој, но Миа очигледно спаѓа во групата од неколку ТВ водителки за кои спонзорите буквално  „се лепат“. Заради атрактивниот изглед, ликот, аурата и сексапилот со која зрачат, и се разбира заради ораторско-водителските квалитети.

Па, како што секој спонзор сака неговиот бренд да се најде во вистинските раце, така и еден скопски узвозник на познатите светски бренд  часовници стори се’, еден од неговите производи да осамне на раката на русокосата ТВ водителка на магазинот од зад сцената. А Миа, се разбира, како благодарен промотор се потруди да постира фотографија во крупен кадар на својот Инстаграм профил и до неа пост со „скромна“ содржина:

„Мислам дека совршените ствари си се лепат една на друга. Не бев совршена, додека не ги најдов нив. Скромноста секогаш ми била јака страна. Затоа ништо помалку од најдобро“ – напишала сексапилната русокоса. 

И не едалеку од вистината. Зашто совршените работи навистина си се лепат една до друга. А и таа не беше совршена додека не ги стави нив. Затоа и новиот часовник го смести во кадар некаде помеѓу. А, тоа што погледите сепак ги собра оној другиот, „силиконски“ детал, е друга работа! Или можеби прва! Ама ако! Вака, Миа спои две во едно… или три во едно. Двете „силиконски убавици“ и беспрекорната направа која покажува точно време, во еден ист кадар!

Извинете, да не забележа некој случајно, во колку часот е постирана фотографијата?

 

 

To top