Македонската инфлуенсерка Миа Костова се грижи за својот изглед и за исхраната на свој начин. Иако претходно беше послаба, таа сега е задоволна со своето тело, а тоа се должи на нејзината упорност да биде своја и да се придржува до правилата кои си ги поставила.
Таа сега гордо ја поткрена маичката и ја покажа нејзината тенка половина и се пофали колку килограми ослабела. Таа се реши да поработи на својот изглед за да се чувствува подобро и ја прилагоди исхраната онака како што и одговара.
Миа редовно споделува фотографии на социјалните мрежи, а сега тоа го направи преку Инстаграм прашалникот во кој откри малку повеќе за килажата. Таа прво се мислела да сними видео но, во тој случај нема да може да им одговори на следбениците.
Па така, за да не биде само „мета на негативна критика“, таа се одлучи да им одговори на сите, иако сепак нејзината поента е јасна:
„Поенатата е да најдеш што ти годи и што има резултат, но не по цена на здравјето“.
Нејзините Инстаграм приказни веднаш се наполнија, а следбениците не престанаа да прашуваат и коментираат на нејзините одговори.
-Дали јадеш во одредена временска рамка или јадеш цел ден? – гласеше едно од љубопитните прашања на кое Миа откри многу за нејзиниот личен начин на исхрана.
– Јадам еднаш во денот на 24 часа. Многу нискокалоричен оброк. Пијам кафе со шеќер, пијам вино, две три чаши.
А еве од што се состои нејзиниот оброк: Домати со кромид и три галети со котиџ. Домати со мала туна во лимон. Марула со три белки со лимон. Пиперки бели пресечени на половина со урда и зачини, галети со ајвар и грчки јогурт половина канче, бистра супа со зеленчук.
– Супер си со минус 5 и со плус 5 ! Важно е да се чувствуваш добро. Ме интересира само што вечераш?
– Не сум супер со 73 кила и се чувствувам ужасно. Не вечерам и не појадувам – јасна беше Миа.
Таа потоа сподели фотографија на која покажа како изгледала скоро 9 години со 55 кила. Но, тоа во моментов не ја интересира, она што е најважно е секој да биде задоволен со самиот себе и токму тоа сакаше да го напомене како и дека нејзиниот начин не е нутриционистички соодветна исхрана.
Кога станува збор за популарната македонска инфлуенсерка Миа Костова, нејзините фанови ги интересира сите интересни факти за неа, меѓу кои и колку е висока.
Па така, овој пат покрај килажата објави и колку е висока и на сите им откри дека е 168-9 сантиметри.
Фото: Принтскрин/Instagram/miandrija