Радио Милева свадбени „силиконски близначки“

Миа Костова ги покажа облините во тесна тоалета, а во фокус беше отворот кај градите: „Оддамна фустан не го извадил ова од мене“ (фото+видео)

Миа Костова ги покажа облините во тесна тоалета, а во фокус беше отворот кај градите: „Оддамна фустан не го извадил ова од мене“ (фото+видео)

Екс-тв водителката Миа Костова, која моментално е една од најактивните инсфуленсерки во Македонија, знае и умее да си ја „отвори душата“  да ја долови уникатноста и да го покаже и каже она што е во вистински момент.

Миа е одлична за да ја крене возбудата на оние што ја следат на социјалните мрежи, па иако сме ја виделе во разни тесни фустани и отворено деколте таа секој пат знае да понуди нешто различно и уникатно.

Таа сега на нејзиниот ѕид на Инстаграм“ објави две фотографиина на кои  ги покажа облините во тесната тоалета, а во фокус беше отворот од кој наѕираа стегнатите  „силиконски близначки“.

Повод беше свадбената веселба на пејачот Павле Камилоски и неговата избраничка Ирина Дишовска каде таа се најде меѓу познатите личности кои присувствуваа како гости.

За оваа прилика Миа се издвои со минималистичката црна тесна тоалета. Елегантниот фустан беше прилично долг што ги покриваше дури и чевлите. Должината го отежнува движењето, па поради тоа ретко која дама би се осмелила да го носи.

Таа е љубителка на женствени парчиња но, овој пат беше полн погодок со кој ги нагласи нејзините адути.  За ова нејзино издание таа доби големи пофалби, поточно за тесниот фустан изработен на другарска основа за која спомна и во описот на фотографиите.

„Освен што сум најгорда дека зад фустанов стои една голема другарска љубов и нејзиниот прекрасен тим, можам да кажам дека оддамна фустан не го извадил ова од мене“.

„Прекраснице моја“, „Полн погодок“, „Господе“, „Лудница“, „Совршенство“, „Фустанов вришти“  беа само дел од комплиментите кои следбениците и ги испратија на сметка на фустанот  на Миа Костова кој жените го посакаа, а на мажите им ја разбранува фантазијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова

To top