Макеонската ТВ водителка Миа Костова одново покажа дека некои работи заслужуваат реприза!Како летната промоција на нејзините нововградени силикони, на пример! А Миа со нив е… Мама Миа!
Об лечена во различни, тренди едноделни костими за капење водителката намерно го истакна па и го потенцираше најиспакнатото на себе. Сеге Миа веќе не е „рамна ко даска“ па може да нагази „до даска“ кога е промоцијата на „пластичните“, како што смата ги нарекува во прашање.
„Лето дел втори. Разно разни самер селфија, овие пластичниве заслужуваат таг“ – напишала покрај една од фотографиите од плажа, „напрчената“ русокоса убавица.
А како и не би кога има со што да се пофали… И таа себеси и другите, неа.
Впрочем, коментарите покрај постираните фотографии се комплимент до комплимент, во стилот:
„Изгледаш топ и без фотошоп“, „Ова се вика грмење“, „Совршена“, „Леле мори мајко мила“, „Ураган на плажа“, „Многу згодна, срце“, „Екстра“... Или оној: „Значи, перверзија… блазе си му оној кој те има“!
И сите се во право… Единствено, криво е море-то… Во позадина… Оти, подзалегнал фотографот! Веројатно за подобро да ја фати… Во кадар водителката!