Радио Милева

„Ми се случи немање воздух од убаво, кога не дишев од лошо“: Миа Костова гори како оган од новата љубов (фото)

„Ми се случи немање воздух од убаво, кога не дишев од лошо“: Миа Костова гори како оган од новата љубов (фото)

Сакеле или не, летото сите не разголува телесно, а за ТВ водителката Миа Костова важи разголувањето по бинини, ама и душевното разголување.

Со почетокот на ултра топлите и сончеви денови од месец јуни, веќе почнаа да остамнуваат фотографии на социјалните мрежи од познатите покрај плажа или базен.

Миа изминатиот викенд за сефте го распосла својот телесен раскош во бикини, ја покажа огнената става, но се отвори емотивно и за оганот во своето срце.

Таа во описот на фотографијата каде позира легната покрај базен, напиша дека и се случила нова љубов и хаос од чувства.

Ми се случи љубов, кога реков дека не сакам да мислам на тоа повеќе. Ми се случи хаос од чувства, кога реков дека се’ изгасив. Ми се случи да не се завртам позади, кога реков дека се заглавив комплетно. Ми се случи немање воздух од убаво, кога не дишев од лошо. Дека ти ми се случи. И од кај баш ти? – пишува Миа за својот емотивен статус.

Летото секогаш е поубаво кога е зачинето со љубов, а за Миа очигледно почна и повеќе од убаво.

фото:инстаграм/миакостова

To top