Пејачката Теа Таировиќ (26) за тамошните медиуми призна дека и се допаѓа фудбалер кој го забележала на телевизија.
– Сама сум. Понекогаш мора да сретнете некого некаде за да избегнете да бидете сами. Јас немам време. Имам љубов од телевизија. Еден спортист е во прашање, фудбалер. Не се знаеме, тој е многу помлад од мене. Тој има 20 години – открила зТеа за „Хајп“.
Инаку, ова не е прв пат на Теа Таировиќ да и падне во око спортист, па минатата година и се допадна кошаркар кој е исто така беше помлад од неа.
– Имам љубов кон кошаркар кој никогаш не сум го видел во живо. Ќе ви кажам само дека е шест години помлад од мене и дека тоа е платонска љубов – изјави тогаш таа за „Информер“.
Фото: Принтскрин/Милан Илиќ/ Инстаграм/ Теа Таировиќ