Марија Шерифовиќ се појави на настан во Блеград и по тој повод со седмата сила разговараше на различни теми, а една од нив е „жолтата минута“ и како да се справите со денешниот начин на живот кој е многу брз и стресен.
Имено, Марија откри дека е од крв и месо како и сите други и дека благодарение на психотерапевтот кој го посетува 20 години, успева да реши се што и се наметнува како нерешливо.
– Жолти минути ми се случуваат ретко, дури ни пет пати досега. Многу стресни ситуации и како човек од крв и месо се трудам секојдневно да работам на себе и на луѓето околу мене. Работам со терапевт 20 години и се трудам да го надминам животот од ден на ден – започна Марија и додаде:
-Никогаш не сум се карала, само гласна сум, гласно се расправам, сакам гласно и гласно зборувам – истакна пејачката.
Да потсетиме, инцидентот на пејачката во центарот на Белград неодамна ги шокираше сите кога во налет на бес, таа врескаше на среде улица и направи хаос, разбудувајќи ги сите станари од околните згради, а по немилиот настан, Шерифовиќ им се извини на сите што ги вознемирила и истакнала дека и е многу жал, но и таа е човек кој понекогаш поминува низ драматични ситуации.
фото:Инстаграм/АТА Images