Помина извесен период откако заврши третата сезона на популарната македонска серија „Преспав“, а гледачите останаа со прашалници дали ќе има продолжение од омиленото раководство на пансионот „Преспав“.
Ама, освен на гледачите, „Преспав“ очигледно му недостига и на Игор Џамбазов, односно Миле најстариот од Бузалевци. Иако географски е на спротиваната страна и на езеро, односно како што вели на дојранските Малдиви, Игор мечтае за Преспа, пансинот, но најмногу за газдарицата од Бугарија, Преслава или актерката Јана Маринова.
Тој на својот профил на Инсатграм сподели заедничка фотографија со својата колешка од соседството и за истата напиша „I miss you Преславче“, гласи описот, а во коментари се надоврзаа многумина од неговите следбеници.
Едни пишуваат дека и нив им недостигаат и двајцата, а пак други им порачаа дека се „страхотни“. Преславче пак, веројатно не видела дека Миле преку виртуелен пат искажува емоции и се уште не возвратила.
Инаку, таа моментално е Софија и очигледно подзаборавила на „Преспав“, бидејќи е посветена на снимањето на филмот насловен „Диви и штастливи“. Во описот на една од последните објави таа напиша:
-Вече не е важно дали имаш мнoго пари, важно е колко си талантлив, за да правиш готини филми… казва Славче.