Радио Милева

„Ми фалиш…онака под око да погледнеш и да гушнеш силно“: Весна Бејби Петрушевска со емотивна порака се потсети на Тоше Проески

„Ми фалиш…онака под око да погледнеш и да гушнеш силно“: Весна Бејби Петрушевска со емотивна порака се потсети на Тоше Проески

Поминаа единаесет години како почина македонската музичка и најголема легенда Тоше Проески. Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

По неговото заминување од овој свет тој остави огромна „Соба за тага“ кај нас. Тоше ни остави вечно да ја пееме „Игри без граници“, а сега и кога е далеку „1200 милји“ од нас и по единаесет години чувствуваме „Громови на душа“.

Сите ја сакавме неговата насмевка, а на овој ден пред единаесет години кога ни беше соопштено дека починал Тоше, многумина си помислија „Излажи ме уште еднаш“.

И ден денес многу негови фанови и љубители на неговата музика тагуваат по ангелскиот глас на пејачот. И по 11 години сите ги пејат неговите песни од прв до последен стих, а неговите песни не враќаат во некои убави времиња или ни будат спомени.

Неговите колеги кои имаа чест да го познаваат немаат лоши зборови за Проески, тој им беше пример како се сака, како се гради музичка кариера, како се пее од душа, беше музички амбасадор.

И кај неговите колеги по 11 години не стивнува болката, недостига неговиот глас за да запејат на сцена, недостига неговата насмевка…недостига…

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска се потсети на овој ден, па на својот Фејсбук сподели фотографија со Тоше, а во описот му посвети емотивна порака.

 

На Проески се потсети и неговиот колега, пејачот Зоран Илиевски кој на „Инстаграм“ сподели фотографија, а во описот напиша:

-Единствен жител на Македонија што беше човек. Не боли само 16ти, болиш секој ден.


На македонската легенда се потсети и Ален Хасановиќ кој во кратките приказни сподели фотографија од Тоше.

Меѓутоа, ова се само дел од колегите кои нешто по 12 часот по полноќ или од раните утрински часови се потсетија на Проески. Сигруно и другите колеги ќе се потсетуваат на убавината на гласот на овој ангел во текот на целиот ден.

Досега секоја година во чест на Тоше на 5 октомври се организираше на се орагазнираше „Ѕвездано небо за Тоше“. Меѓутоа, оваа година манифестацијата не се одржа бидејќи на 2 ноември ќе се одржи голем коцерт во чест на Проески каде што неговите колеги од Македонија и регионот ќе ги отпејат неговите хитови, а ќе биде промовиран и албум со необјавени песни од Тоше Проески,  „Secret place“.

„Ве сакам сите“, беше реченицата која Тоше најгласно ја изговараше со насмевка на лицето, а и него сите го сакаа.

фото: фб/инстаграм

To top