Радио Милева

„Ми беше тешко да останам верен“: Бившото момче на Пријовиќ прозбори за неверството!

„Ми беше тешко да останам верен“: Бившото момче на Пријовиќ прозбори за неверството!

Љуба Перучица беше во врска со Александра Пријовиќ, идната снаа на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Љуба во интервју за „Ало“ открива дека на почетокот на кариерата и додека бил во врска со Александра бил „лесен маж“.

„Кога ја започнав музичката кариера, дојде и популарноста која не ме менуваше како личност, но околу мене имаше многу девојки. Беше многу тешко да останем верен. Тогаш, Александра и јас влеговме во врска. И не велам дека не сум бил верен на неа, или на некоја друга. Бев млад, незрел и беше тешко да останем верен. Може да се каже дека бев „лесен маж“, за среќа сега не сум. Заљубен сум и се средив, изјави Љуба.

Тој истакна дека не му пречи што за неколку дена Александра ќе се омажи за Филип Живојиновиќ.

„Луѓето очекуваат бурна реакција, но ја нема. Помина многу време и без смисла ми е да го кажувам своето мислење. Мене ми е супер и така треба да биде. Луѓето кои се сакаат праваат таков чекор, вели пејачот.

Тој потецнираше дека е среќен и дека не планира наскоро да се жени.

фото:Инстаграм

To top