Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ неодамна открија на јавноста дека убавата водителка е бремена.
Среќната вест ги израдува сите, а Мина моментално е во третиот месец од бременоста. Откако објавија дека е во „блаженасостојба“, Мина реши да се одмори од работата на „Амиџи шоу“. Огњен целосно ја поддржал нејзината одлука, јавуваат локалните медиуми.
– Мина и Огњен се пресреќни од веста дека ќе добијат бебе. Таа веднаш реши да направи пауза иако ја сака својата работа како водителка. Бременоста и е на прво место, сака што повеќе да ужива во неа и да се посвети на деновите кои ја очекуваат. Огњен ја почитува нејзината одлука, се согласи со неа бидејќи ја поддржува во се од првиот ден – вели извор за домашните медиуми, цитиран од Курир.рс
А по овие две вести, следуваа уште една убава информација од овој пар. Решиле да застанат на „лудиот камен“. Сепак, како што пишува Курир.рс тие одлучиле венчавката да не се одржи во Србија, туку во странска земја. Не е откриено за која земја точно станува збор, но нивната желба локацијата на венчавката да биде во странство изненади многумина. Точниот датум не е познат, но се вели дека тоа ќе се случи пред убавата Мина да се породи.
Огњен и Мина не сакаат голема традиционална српска венчавка со многу гости, туку ќе се венчаат далеку од Србија и тоа само во присуство на кумовите.
– За Огњен ова ќе биде трет брак по ред, додека за Мини ова ќе биде првпат да застане пред матичар. И двајцата се пресреќни од веста дека ќе добијат бебе. Убавата водителка целосно се посвети на подготовките за тој голем ден – вели изворот на Курир.
Поради оваа радосна вест, многу е возбуден и синот на Огњен, кој го имаше од претходниот брак со Данијела Димитровска.
– Беше многу среќен кога дозна дека ќе стане постар брат. Од првиот момент има одличен однос со девојката на татко му и одлично се сложуваат. Цело лето го поминаа заедно, отидоа и на море и беше навистина прекрасно. Двајцата го испратија на првиот училишен ден – изјавил изворот.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес