Откако Богдана Родиќ се ожени со Вељко Ражнатовиќ, нејзиниот роден град Тител е во центарот на вниманието, па многу новинарски екипи го посетуваат.
Екипата на курир.рс го посети Тител, а родителите на Богдана не биле дома туку на пазар каде имаат тезга и продаваат пилиња.
Вељко и Богдана деновите ги поминуваат во Тител, во куќата која Ражнатовиќ ја доби од родителите на сопругата.
Соседите проговорија за Вељко и Богдана.
„Ги сретнуваме. Многу се слатки. Не ја испушта од рака. Ме потсетуваат на мене и мојата сопруга кога бевме млади. И јас бев таков шмекер. Го гледате оној број? Е, таму се играа Богдана и нејзините сестри кога беа деца. Сега пораснаа во девојки“ вели Мирко.
Миодраг Антиќ Бомба кој позираше пред камерите на српскиот портал курир.рс вели:
„Сите зборуваат за Тител. Слушнав дека Цеца била на Ѓурѓевден кај пријателите. Многу убаво. Сите знаат кога Цеца е во Тител, па многумина доаѓаат пред куќата на Родиќ за да ја видат. Тоа е прекрасно семејство за кое имам само убави зборови“ вели Миодраг.
Еве што велат Милош, Бранко и Владимир за своите сограѓани.
„Ова е центар на нашето место. Ги гледате ли оние две трафики? Тука Вељко доаѓа секој ден. Два месеци беше тука. Прекрасно момче“ вели Бранко, а се надоврзува и Милош.
„Богдана играше кошарка и одеше на натпревари во Зрењанин и Белград. Две години девојките од Тител беа прваци во Србија. Сега е семејна жена“.
Нивниот пријател знае што ќе се случи ако Цеца се прошета низ градот.
„Ќе има гужва. На 28 август е слава на Тител. Се поставува сцена и доаѓаат пејачи да настапуваат. Би било убаво и Цеца да одржи концерт“, вели Владимир.
Новинарите го посетиле и основното училиште каде што учела Богдана, а таму имало само една жена која им ја отворила вратата.
„Ја знам Богдана, заедно со моите ќерки беше во исто одделение. Беше добар ученик. Фини се трите сестри и нивните родители“, вели таа за курир.рс
Инаку, Богдана е во 9иот месец од бременоста и наскоро треба да се породи, односно да роди син за кого го одбраа името Жељко.