Музиката е моќно средство за поврзување на луѓе. Таа ги премостува јазичните и културните поделби. Музичкиот екосистем генерира богати социјални, културни и економски придобивки.
Од 29 мај до 03 јуни, на две сцени, надвор и внатре во спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува ново музичко доживување за љубителите на фестивалите – ЕНТЕРФЕСТ.
Она што досега се случуваше далеку од центарот на Скопје и Македонија сега ќе може да се доживее во срцето на главниот град, петдневен музички спектакл за кој долго ќе се се раскажува. На фестивалот учество ќе земат над 50 изведувачи од земјата и странство. Во рамки на фестивалот ќе се организира и семеен ден со слободен влез со посебна програма, анимација и забава наменета за сите дечиња.
Фестивалот има за цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји. Освен што велат дека ќе има музика за сечиј вкус, додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво.
А во продолжение погледнете и кој сè ќе настапи на првото издание на фестивалот:
1. Тамара Тодевска
2. Ера Иштрефи
3. Масимо Савиќ
4. Атомско Склониште
5. Дадо Топиќ
6. Партибрејкерс
7. Ван Гог
8. Игор Џамбазов и Гуру Харе
9. Гоце Саф
10. Опча опасност
11. Марчело
12. ПМГ
13. Дивље Јагоде
14. Ај Кју
15. Земља Грува
16. Кепурдхат
17. Елементал
18. Бени Нон Стоп
19. Неверне Бебе
20. Кербер
21. Визија
22. Конкуринг Лајон
23. Бед Копи
24. Дани
25. ЕнБеКа и Твистер
26. Кара
27. Министерс Галери
28. ДНК
29. Кристина Арнаудова
30. Севдах Бејби
31. Ки
32. Аутмајнд
33. Викторија Лоба
34. Теодора
35. Ничим Изазван
36. Агушеви оркестар
37. Темпера
38. Фолтин
39. Но Нејм Нејшн