Радио Милева

Месец ипол пред најлудата ноќ, Јана Бурче прва ја покажа новогодишната елка (фото)

Месец ипол пред најлудата ноќ, Јана Бурче прва ја покажа новогодишната елка (фото)

Иако има уште месец ипол до Нова Година и новогодишните празници, полека започнува еуфоријата околу доаѓањето на 2019 година.

Во одредени продавници и трговски центри може веќе да се видат новогодишни подароци, а туристичките  агенции и ресторани веќе ги промовираат своите понуди за најлудата ноќ.

Декември е месецот кога сите се подготвуваат за 31 декември за доаѓање на новите предизвици, случувања, моменти во следната година.

Новогодишната атмосфера се уште не се чувствува во градот, но македонската пејачка и водителка Јана Бурче полека се подготвува за крајот на оваа година.

Имено, Бурче во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од својата новогодишна елка.

Очекуваме до крајот на годината и останатите јавни личности да ја покажат новогодишната атмосфера во својот дом.

To top